Утрински Весник
Македонија

Градови во југозападна Македонија останаа без струја, голем дефект на системот

Градови во југозападна Македонија останаа без струја, голем дефект на системот

Охрид, Струга, Ресен, Дебар и повеќе населени места во околината денеска снемаа струја, а неофицијално, причината поради која без електрична енергија се над 100 илјади жители, е голем дефект на системот.

Според првичните информации, станува збор за дефект на два далекувода на МЕПСО, Вруток – Шпиље и Битола – Ресен.

Поради прекинот, локалните жители имаат проблем и со мобилната телефонија и интернетот.

Засега нема информации кога би се санирале тековните проблеми.

Во тој регион од синоќа има обилни врнежи од дожд и снег на повисоките места, кој предизвикува проблеми и оштетувања.

Можете да прочитате

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти

Приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца со активна забрана

Во Брвеница до 15 часот гласале 5.064 граѓани