Утрински Весник
Спорт

Го погоди Паје со шише, веднаш доби воспитна

Го погоди Паје со шише, веднаш доби воспитна

Хулиганите успеаја да прекинат уште еден натпревар во Лига 1. Дербито Лион-Марсеј заврши по четири минути игра, откако домашните хулигани со шише во главата го погодија Димитри Паје.

Веднаш откако се случи инцидентот, навивачите го идентификуваа виновникот. Тој доби лекција и шамар од водачот на навивачите.

Француските медиуми потврдија дека, поради овој инцидент, четири лица завршиле во полиција.

> Го погоди Паје со шише, веднаш доби воспитна <

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1