Утрински Весник
Македонија

Гостиварец крадел од златото на неговата сестра и го продавал

Полицијата го приведе М.А. (31) од село во Гостиварско, кој се сомничи дека во текот на изминатите два месеци, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра.

Златото било сопственост на сестра му.

Според информациите од полицијата, М.А. го продавал накитот на други лица, а кражбата денеска ја пријавил нивниот татко.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Боби Христов прогласен за технолошки вишок во Телма, ССНМ застана зад новинарот

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него