Утрински Весник
Македонија

Гори депонијата кај Добрашинци

Гори депонијата кај Добрашинци

Струмица, 18 јуни 2020 (МИА) – Од вчера гори депонијата кај селото Добрашинци во која се одлага отпадот од општините Струмица и Василево.

Според информации од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, депонијата била запалена од неодговорни граѓани, кои таму се движат, а пожарот бргу се проширил.

-Пожарот е ставен под контрола од синоќа и не се шири. Во гаснењето учествуваа противпожарни возила од Струмица и Радовиш, наши возила и градежна механизација. Засега од депонијата излегува само силен чад, но ќе направиме напори до крајот на денот целосно да го запреме, рече Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“-Струмица.

Горењето на депонијата го потврди и командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Информира дека во гаснењето учествувале две нивни противпожарни возила, едно од ТППЕ-Радовиш, две од „Комуналец“ и градежна механизација.

Заедно со вработените од струмичкото комунално претпријатие не дозволиле пожарот да се прошири и од вчера е ставен под контрола. рт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце