Утрински Весник
Економија

Горивата поскапуваат

Горивата поскапуваат

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар и сега ќе изнесува 37,843 денари за килограм.

Од 07.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,843 (денари/килограм)

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања