Утрински Весник
Економија

Горивата поскапуваат

Горивата поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за половина денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.

Од ноќеска од 00:01 часот цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм)

Можете да прочитате

ММФ предупредува: Растот на цените на енергенсите може да доведе до нов бран инфлација и да го забави економскиот раст во земјава

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија