Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевска: Нов инвестициски циклус во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра

(Видео) Георгиевска: Нов инвестициски циклус во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра

Според пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска, владата предводена од СДСМ е силно посветена на развојот на економијата, отворање нови работни места и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани.

„Интервентниот план за инвестиции – ИПИ 2021-2027 е јасен и одлучен чекор преку кој го трасираме патот на силен раст и развој на македонската економија. Сериозен план за инвестиции во десетици и десетици проекти во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра“, напомена Георгиевска.

Пратеничката од СДСМ потсети на дел од проектите кои се во најава. Меѓу нив како што рече се: Пречистителната станица во Скопје, проект вреден 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година. Над 70 милиони евра за проектот се грант од Европската Унија. Инвестиција на германски „Лидл“ во Скопје и уште во 7 други градови во вредноста од 300 милиони евра. Скијачки центар Попова Шапка, во вредност од 100 милиони евра. На еколошки начин, во Неготино ќе се произведува струја од отпад, трајно се решава проблемот со отпадот за дури 48 општини. Инвестиција вредна 336 милиони евра. Преку 2,7 милијарди евра инвестиции во железничката и патната инфраструктура во пеиорд од 2021-2027.

Планот како што напомена Георгиевска, опфаќа инвестиции во преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура, водоводи и канализации, туризам, но и многу други проекти.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра