Утрински Весник
Економија

Горивата поевтинуваат за половина денар

Горивата поевтинуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 1.11.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,445 денари за кг.

Од 9.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,637% , кај дизелот за 2,055% , кај екстра лесното масло за 2,660% и кај мазутот намалувањето е за 2,234% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,146% , информираат од РКЕ.

Можете да прочитате

Мазутот бил со соодветен квалитет, РКМ им заштедило на граѓаните милиони кои би ги платиле со повисоки сметки за струја!

Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања