Утрински Весник
Македонија

Горан Иванов e нов в.д. директор на Финансиска полиција

За нов в.д. директор на Финансиската полиција на денешната владина седница бил назначен Горан Иванов. Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.

dobivaj vesti na viber

Владата на денешната седница, по предлог на Комисијата за кадровски прашања го именуваше Иванов на позицијата. Тој е кадар на СДСМ.

На претходниот директор, Арафат Муареми му истече мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како вршител на должност.

Тој се повлече по судирот со Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври