Утрински Весник
Спорт

Горан Иванишевиќ во Куќата на славните

Горан Иванишевиќ во Куќата на славните

Легендарниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ, влезе во Куќата на славните во Њупорт. Тренерот на Новак Ѓоковиќ, во кариерата освоил 22 титули, од кои најзначајна е онаа на Вимблдон во 2001 година, кога како 125. играч во светот, со специјална покана доби можност да учествува на најпрестижниот тениски турнир.

Заедно со Иванишевиќ, од класата 2020, во Куќата на славните влезе и поранешната шпанска тенисерка Кончита Мартинез. Во класата 2021, во Куќата на славните влегоа Денис Ван дер Мер и Ориџинал 9 (девет тенисерки кои во 1971 година ја формираат ВТА).

Иванишевиќ, во Куќата на славните го внесе славниот Џон Мекинро. Американецот рекол дека само Иванишевиќ бил полуд на теренот од него.

> Горан Иванишевиќ во Куќата на славните <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет