Утрински Весник
Свет

Голем прилив на пациенти во Белград, за 24 часа примени 144 заразени во болниците

Голем прилив на пациенти во Белград, за 24 часа примени 144 заразени во болниците
Img 5587

На Клиниката за инфективни болести на Клиничкиот центар на Србија има 92 пациенти со умерена и тешка клиничка слика, додека во болницата во Земун има 380 пациенти, од кои 30 се на интензивна нега, пренесува РТС. Состојбата во Нови Пазар е стабилизирана, додека е лоша во Сјеница и Тутин.

Заменик директорот на Клиниката за инфективни болести, Ивана Милошевиќ, за РТС изјави дека биле тестирани 320 пациенти во изминатите 24 часа, а околу 100 во текот на ноќта.

Ss1

„Во изминатите 24 часа, 144 пациенти се примени во болниците во Белград. Ова значи како да сме ја примиле целата Клиника за инфективни болести во изминатите 24 часа. Има огромен прилив на пациенти“, предупреди Милошевиќ.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години