Утрински Весник
Свет

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро
300x250 (7)

Од петок, австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро, на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

300x250 (7)

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема