Утрински Весник
Технологија

Голем астероид ќе мине денеска близу Земјата

Астероид поголем од Кеопсовата пирамида, се приближува кон Земјата (Видео)

Хјустон, 29 април 2020 (/) – Астероид со пречник од два километра денеска ќе мине на 6,2 милиони километри од Земјата. Но, американската Национална воздухопловно-вселенска агенција НАСА напомна дека тоа не е закана по нашата планета.

„Астероидот 1998-ОР2 не претставува опасност за планетата Земја, но можеме многу да научиме проучувајќи го”, се вели во објава на НАСА на Фејсбук.

Научниците ќе го набљудуваат астероидот, сосредоточувајќи се на неговата орбита.

Најблиското растојание од Земјата – 6,2 милиони километри, е околу 16 пати поголемо од оддалеченоста на Месечината од планетата. Тоа е, сепак, релативно блиску за така големо вселенско тело, што им овозможува на научниците да го набљудуваат за истражувачки цели.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META