Утрински Весник
Свет

Голема еколошка катастрофа: морето исфрли мртви желки, откако изгоре брод полн со хемикалии

Голема еколошка катастрофа: морето исфрли мртви желки, откако изгоре брод полн со хемикалии
Img 5587

Стотици мртви желки со оштетени грла и оклоп, како и десетина мртви делфини и еден син кит, морето ги исфрли на брегот на Шри Ланка по потонување на брод, Бродот гореше и потонуваше и предизвика страв од поморска еколошка катастрофа.

Еколозите сметаат дека нивната смрт е резултат на пожарот и ослободувањето на опасни хемикалии, откако бродот „Х-Прес со Перл“, кој пловеше под знамето на Сингапур, изгоре речиси 12 дена пред да потоне минатата недела во близина на главното пристаниште на Шри Ланка, во главниот град Коломбо.

300x250 (7)

Владини претставници, сепак, рекоа дека причините биле „привремено потврдени“ и дека истрагата продолжува.

На бродот избувна пожар на 20 мај, а мртви морски видови почнаа да се појавуваат на брегот неколку дена подоцна.

Агенцијата АП наведува дека 81 од скоро 1.500 контејнери за испорака содржеле „опасна“ стока. Морнарицата на Шри Ланка верува дека пожарот бил предизвикан од хемиски товар, од кој поголем дел е уништен во пожарот.

Но, остатоците, вклучувајќи изгорени тони пластични пелети, сериозно ги загадија околните води и голема површина на познатите плажи на островот.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема