Утрински Весник
Свет

Германците веруваат дека САД се поголема опасност за демократијата од Кина и Русија

Германците веруваат дека САД се поголема опасност за демократијата од Кина и Русија

Наспроти симпатиите кон новиот американски претседател Џо Бајден, граѓаните на Германија сè уште ги доживуваат Соединетите Американски Држави како голема закана за демократијата, дури и поголема од Русија или Кина, пишува денеска „Шпигел онлајн“.

Според анкетата на Индексот за перцепција за демократијата, 36 проценти од германските испитаници сметаат дека САД се поголема закана за демократијата во Германија отколку Кина, за неа се изјасниле 33 проценти од испитаниците или Русија, за која се изјасниле 29 проценти.

Кога станува збор за глобалната демократија, Германците се уште покритични: 51 процент од испитаниците сметаат дека САД негативно влијаат на демократските процеси во светот.

Политичките експерти сметаат дека промената на ставовите кон САД, кои претходно, особено за Западна Германија, ги симболизираа демократијата и борбата за слобода, се „заслужени“ особено за време на четиригодишното владеење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Изборниот период на Доналд Трамп несомнено трајно ја наруши довербата на европските партнери во САД“, рече за „Шпигел онлајн“, Џонас Парело-Плеснер, директор на Алијансата за демократии.

Тој заклучува, сепак, дека „ефектот на Бајден“ бил забележлив во истражувањето, и истиот имал влијание врз зголемувањето на позитивната перцепција на САД во споредба со минатата година.

Како најголема опасност за демократијата воопшто, анкетираните германски граѓани ги наведуваат економската нееднаквост, прекумерната моќ на големите технолошки проблеми и ограничувањето на слободата на мислење.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Ќе се бориме со нокти ако треба

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар

Руте: Демонстрантите на Универзитетот во Амстердам ја преминуваат границата на дозволеното