Утрински Весник
Свет

Германскaта министерка Крамп-Каренбауер во самоизолација

Германскaта министерка Крамп-Каренбауер во самоизолација

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер е во домашен карантин поради лице во нејзиното непосредно опкружување кое е заразено со коронавирус.

Според соопштението на Министерството, Крамп-Каренбауер била известена дека едно лице од нејзиното непосредно опкружување се заразило со коронавирус, со кого имала контакт пред осум дена.

Апликацијата за предупредување од коронавирус во неделата ја предупредила Крамп-Каренбауер за болеста на лицето со кое таа била во контакт.

Таа била негативна на тестот што бил спроведен по тоа предупредување, но како мерка на претпазливост, таа била во самоизолација следните шест дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план