Утрински Весник
Свет

Германски министер ја нападна Ангела Меркел поради Русија

Германски министер ја нападна Ангела Меркел поради Русија

Министерот за земјоделство на Германија, Хем Ездемир, вината за зависноста од руската енергија ја гледа во надворешната политика што ја води поранешната канцеларка Ангела Меркел.

„Во многу сектори сме наследиле ситуација која не е толку убава“ – изјави Ездемир за „Билд“, кој тврди дека минатото лето можело да се забележи дека складиштата за гас се празни.

Според него, ниту „Северен тек 2“ не била најпаметната идеја и требало порано да се сфати дека тоа создава зависност од авторитарен владетел како што е Владимир Путин.

Ездемир го критикуваше и поранешниот министер за одбрана Карл Теодор Гутенберг за лошата состојба на Бундесверот.

„Сега мора да го подигнеме Бундесверот, добро да се опремиме и да ја намалиме зависноста од фосилните извори на енергија, да создадеме отпорност, да ја обединиме ЕУ, да го зајакнеме Западот, за да знае Путин на овој свет дека можеме да се бориме“ – рече германскиот министер за земјоделство.

Можете да прочитате

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите

Над 20 лица се повредени, а едно е убиено во рускиот напад врз Киев