Утрински Весник
Спорт

Германски кошаркар доби отказ поради присуство на протест

Германски кошаркар доби отказ поради присуство на протест
Ss2

Германскиот кошаркар Јошико Саибу доби отказ од неговиот клуб Баскетс Бон во вторникот откако минатиот викенд во Берлин бил дел од протестите против владините мерки за борба против корона вирусот.

„Не можеме да бидеме одговорни за постојаниот ризик од инфекции, каков што во моментов претставува кошаркарот Саибу. Тој доби отказ поради прекршувањата на договорот“, вели генералниот менаџер на тимот кој беше 15. во Бундеслигата, Волфганг Видлих.

Ss1

Германија има 211.000 случаи од КОВИД-19 и 9.156 смртни случаи, но во последно време бројот на инфекции е на највисоко ниво од мај.

30-годишниот Саибу бил дел од демонстрациите против мерките за корона вирусот во центарот на Берлин во саботата, каде што беа присутни околу 20.000 протестанти. Полицијата го „растури“ собирот попладнето бидејќи демонстрантите не носеа маски.

> Германски кошаркар доби отказ поради присуство на протест <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!