Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Германски експерт очекува вакцина против коронавирусoт до крајот на годинава

Германски експерт очекува вакцина против коронавирусoт до крајот на годинава
Img 7972

Претседателот на германскиот институт „Пол Ерлих“ (ПЕИ), одговорен за прифаќање на вакцините, Клаус Цихутек, е убеден дека вакцина против коронавирусот ќе се најде годинава.

„Поаѓам од фактот дека вакцината ќе биде одобрена до крајот на 2020 година или почетокот на следната година, а предуслов е дека резултатите од третата фаза од тестирањето ќе бидат позитивни“, објасни Цихутек.

Цихутек објаснува за РНД дека во третата фаза од студијата се проверува дали вакцината навистина штити од вирусот.

Според него, одобрувањето за пласирање на пазарот веројатно ќе биде поврзано со последователно доставување на дополнителни податоци.

Тој вели дека е позитивно што различни кандидати за вакцина го зголемуваат имунитетот кај луѓето.

Во исто време, Цихутек посочува дека, дури и откако ќе биде одобрена вакцината, не треба да се смета на тоа дека нема да треба да се почитуваат сегашните корона-правила, како што се маски и растојание.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир