Утрински Весник
Свет

Германски виролог: Ефектите од вакцинацијата за првпат ќе се видат во јуни

Германски виролог: Ефектите од вакцинацијата за првпат ќе се видат во јуни
Dik 300x250 mk

Берлинскиот есперт за вируси Кристијан Дростен рече дека летото во Германија може да излезе многу добро со продолжување на вакцинацијата и олеснување на рестриктивните мерки.

„Мислам дека ефектите што може да се припишат на вакцинацијата за прв пат ќе ги видиме во јуни“, изјави за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирологија на универзитетската болница Шарите во Берлин.

На прашањето за годишни одмори, отворање тераси на ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено.

Но, Дростен предупреди дека не треба прерано да се потпадне под чувството на целосна еуфорија.

Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри ситуацијата, но предупреди дека болеста нема да исчезне на есен.

Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој.

Новиот бран на зараза со коронавирус, кој ги мачи германските власти од ноември, се чини дека се намалува, со оглед на седумдневната стапка на инциденција, која се намалува веќе две недели.

Според Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ (РКИ), бројот на новозаразени на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата навечер на национално ниво, што е помалку од 146,5 претходната недела

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија