Утрински Весник
Спорт

Германскиот министер за внатрешни работи: УЕФА е неодговорна

Германскиот министер за внатрешни работи: УЕФА е неодговорна

Германскиот министер за внатрешни работи, во чии ресор се наоѓа и секторот спорт, Хорст Зехофер, ја критикувал УЕФА, поради навивачите во Лондон. Зехофер смета дека било „неприфатливо“, УЕФА да дозволи 40.000 навивачи да го следат натпреварот Англија-Германија.

Осмина-финалето, кое заврши со победа на Англија 2:0, на стадионот Вембли во Лондон, го следел 41.973 навивачи, што е најголем број на гледачи на еден спортски настан во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

„Позицијата на УЕФА е апсолутно неодговорна. Парите се причината за таквата одлука, но комерцијалните причини не треба да бидат над заштитата на населението од вирусот. Апелирам до УЕФА, одговорноста да не ја префрлаат врз локалните здравствени власти. УЕФА треба да каже дека не сака да ризикува и дека ќе го намали бројот на гледачи“, рекол Зехофер.

УЕФА, пред мечот Англија-Германија, потврди дека за полу-финалните натпревари и финалето, на Вембли ќе можат да влезат 60.000 навивачи.

> Германскиот министер за внатрешни работи: УЕФА е неодговорна <

Можете да прочитате

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП

Ѓуретановиќ имаше добар старт, но не успеа исплива до својот најдобар резултат

Ѓоковиќ: Имам здравствен проблем што ме мачи во последните неколку години