Утрински Весник
Свет

Германска студија: Последиците од карантинот можат да бидат потешки и од самата пандемија

52950618 303

Половина од светското население е во некој вид изолација или целосен карантин поради пандемијата на коронавирусот. Општествениот живот замре речиси во целиот свет додека секојдневно се бројат заразени и мртви од Ковид-19, а луѓето се повикуваат да останат во своите домови. Поддршката за мерките кои ги преземаат државите е релативно висока секаде, но освен прашањето: Уште колку ќе траат?; се почесто се наметнува и дилемата: Дали тие воопшто даваат резултати?
Македонската влада деновиве воведе уште подрастични мерки со кои целосно го ограничи движењето за викенди, и дополнително го зголеми полицискиот час во работните денови. Иако во Германија мерките не се толку остри, тие веќе предизвикуваат негодување, но не толку од граѓаните, туку од науката.
Германскиот Совет за етика веќе повика на расправа за ублажување и ставање крај на ограничувањата за движење. Оттаму предупредуваат дека со тек на времето ќе се намали довербата на населението во власта и тоа може да прерасне, не во криза на довербата кон извршната власт, туку кон „демократски легитимираната политика“.

Ветар в грб на ваквите тврдења сега им даваат и научниците. На 5 април годинава, шест врвни германски научници од областа на здравството, социологијата и правото објавија студија во која се критикуваат мерките кои се преземаат во Германија за заштита од коронавирусот.
Во својата анализа, тие поаѓаат од проценката дека терапија или вакцина за коронавирусот ќе има најрано во текот на 2021 година, и притоа ги земаат предвид општите и специфични стратегии за превенција кои досега се понудени.
Општата стратегија е насочена кон сите експонирани лица, односно кон целото население со исклучок на оние кои веќе стекнале имунитет. Кај специфичните стратегии се работи за фокусирање на специфични ризични групи. Тука како историски пример се нуди искуството со ХИВ/СИДА инфекцијата пред појавата на ефикасна терапија. Имено, тогашната стратегија се состоела од општа интервенција насочена кон мерки на претпазливост и предупредувања за сексуалното однесување на целото население („СИДА-та не избира”), и специфични интервенции насочени кон ризични групи, како на пример, мажите хомосексуалци или интравенозните зависници од дрога. Токму комбинацијата на овие методи ја стабилизираат ситуацијата, додека да се истестираат можните лекови и терапии.

Coronavirus Selbst-Quarantäne (picture-alliance/Photoshot)

Кои се ефектите?

Речиси насекаде низ светот, земјите во кои се појави епидемија на коронавирусот применија општи стратегии за заштита на населението. Сите поаѓаат од претпоставката дека преку тестирање за Ковид-19 и следење на контактите може да се открие еден дел од заразените, а потоа да се спречи натамошното ширење на вирусот преку општи мерки. Во прв ред се инсистира на спречување на контактите и на идентификација на заразените. Исклучок од оваа пракса се Јужна Кореја, Тајван и Сингапур каде преку масовен скрининг на населението се прави обид да се избегне општата изолација.

Повеќе може да прочитате ТУКА

 

Извор: dw.com

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење