Утрински Весник
Македонија

Кај синот пронајдена марихуана, кај таткото пиштол без документација – уапсени двајца тетовци

Apsenje 1.jpg

Лишени од слобода се двајца тетовци кај кои биле пронајдени марихуана и пиштол.

Како што информираат од МВР, вчера (21.10.2025) во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.В.(23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.


Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.

И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Поставивме граници за коцкањето, казината подалеку од училиштата

Николоски: Целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”

АХВ тврди: Станува збор за куче со чип, сопственикот си го бара назад