Утрински Весник
Свет

Германска студија: Концертните сали и театрите не се места за зараза

Германска студија: Концертните сали и театрите не се места за зараза

Не постои голем ризик од инфекција во затворени простории за концерти кои имаат добра вентилација, како и на отворени простори, покажала студија спроведена во Германија, пренесува „Ај Кју Маг“ (IQ Mag), едно од водечките професионални списанија во музичката индустрија, соопштија од фестивалот „Егзит“ (EXIT).

Научната студија спроведена во ноември траела три дена во Концертхаус во Дортмунд, кој има 1.500 места и е продолжение на августовското истражување на „Рестарт-19“, Универзитетска болница во Хале, чии резултати покажаа дека со соодветна вентилација има „низок до многу низок “ризик од пренесување на инфекцијата од личност до личност.

„ Концертните сали и театри не се места на инфекција“, вели д-р Рафаел фон Хоенсбрех, директор на Концертната сала во Дортмунд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени