Утрински Весник
Свет

Германска влада: Навални мора да има лично обезбедување

Германска влада: Навални мора да има лично обезбедување

Водачот на руската опозиција Алексеј Навални мора да има лично обезбедување затоа што постои можност тој да бил цел на напад со смртоносен отров.

Тоа го изјави претставникот на германската влада, Штефен Зајберт.

Алексеј Навални, долгогодишен противник на рускиот претседател Владимир Путин, одеднаш се разболи минатиот четврток, пренесува „Ројтерс“.
Неговите соработници веруваат дека тој бил отруен, поради што е пренесен во Германија на понатамошно лекување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хегсет: Денес ќе изведеме најсилни удари врз Иран

Земјотрес ја погоди Фукушима, Јапонија

Иран се заканува со ликвидација на Трамп