Утрински Весник
Свет

Германската полиција внимателно го следи анти-корона групите во земјата

Германската полиција внимателно го следи анти-корона групите во земјата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерство за внатрешни работи на Германија го следи анти-корона движењето во земјата бидејќи смета дека теориите на заговор што се шират во моментов нема лесно да исчезнат.

Службата за заштита на уставноста, со започнатиот процес на мониоринг има можност да собере податоци за лицата од тоа движење.

Бидејќи ова движење не може да се препише на која било претходна групација, како што се екстремно десничарски, левичарски или исламисти, воведена е нова категорија „делегитимизација на државата“, објави Министерството.

Министерството наведува дека легитимните протести против корона-политиката на германската влада се повеќе се инструментализираат и предизвикуваат ескалации.

Организаторите на протестите, пред се протагонисти од анти-корона движењето, покажуваат дека приоритет им е мобилизирање на граѓаните преку протести против државните мерки.

Кон средината на април германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, најави чекори против анти-корона заговорниците.

„Ќе го разгледаме детално тоа движење и неговото делување“, рече тој.

Можете да прочитате

Зеленски подготвен за референдум за мировниот план на Трамп, ако Русија прифати 60-дневно примирје

Годишни технички прегледи и построги еко-тестови за возила постари од 10 години во ЕУ

15 работници повредени во фабрика во Јапонија