Утрински Весник
Свет

Германија, Франција и Полска ја повикаа Русија на деескалација

Германија, Франција и Полска ја повикаа Русија на деескалација

Германија, Франција и Полска ја повикаа Русија да ја деескалира ситуацијата на украинската граница.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот претседател Анджеј Дуда го повикаа Кремљ на значаен дијалог за европската безбедност.

Во декларацијата објавена по состанокот во Берлин, тројцата лидери истакнаа дека секоја понатамошна воена агресија на Русија против Украина ќе има огромни последици и висока цена.

Лидерите на трите земји рекоа дека се обединети со цел да се спречи војна во Европа. Макрон пристигна во Берлин по посетата на Москва и Киев, а Шолц се состана со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон претходно оваа недела.

Западот ја обвинува Русија дека донела десетици илјади војници во близина на украинската граница бидејќи подготвува инвазија на таа земја. Москва ги отфрла овие тврдења, го обвинува Западот дека шири паника и бара правни безбедносни гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет