Утрински Весник
Свет

Германија, Франција и Италија ја стопираат вакцинацијата со „Астра зенека“

Германија, Франција и Италија ја стопираат вакцинацијата со „Астра зенека“

Германија, Франција и Италија се приклучија на листата на земји кои засега нема да ја употребуваат вакцината на „Астра Зенека“.

Германската влада соопшти дека прекинува со употреба поради појава на случаи на згрутчување на крвта. Одлуката била донесена по совет на националниот регулатор за вакцини.

Франција соопшти дека ја прекинува вакцинацијата со „Астра Зенека“ на 24 часа, додека го очекува мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА). Во Франција со оваа вакцина беа имунизирани околу 60 пожарникари минатата недела. Сепак, вакцинацијата беше прекината по појавата на несакани ефекти кај еден пожарникар, кој по првата доза бил хоспитализиран со срцева аритмија.

Италијанскиот регулатор на лекови „Аифа“, прекинот на вакцинацијата со оваа вакцина низ целата земја го нарече „потег на претпазливост“.

Претходно, десетина земји ја прекинаа нејзината употреба поради несакани ефекти кои се појавиле по вакцинацијата. Меѓу нив се Холандија, Данска, Норвешка, Австрија, Исланд, Естонија, Литванија, Бугарија.

Компанијата „Астра Зенека“, ги отфрли тврдењата дека нејзината вакцината предизвикува згрутчување на крвта.

Од Светската здравствена организација (СЗО), денеска истакнаа дека советодавниот одбор на СЗО ги анализира извештаите поврзани со вакцината на „Астра Зенека“, но досега нема докази дека некои здравствени инциденти биле предизвикани од вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција