Утрински Весник
Свет

Германија се откажува од воведувањето задолжителна вакцинација за сите

Германија се откажува од воведувањето задолжителна вакцинација за сите
Dik 300x250 mk

Германија се откажува од воведувањето на обврската за вакцинација против коронавирус за сите полнолетни граѓани и наместо тоа треба да воведе обврска за лицата над 50 години.

„Во моментов ја напуштаме иницијативата за воведување општа обврска за вакцинација за сите луѓе над 18 години. Наместо тоа, од есен треба да важи обврската за вакцинација за лицата постари од 50 години“, велат група пратеници собрани околу Социјалдемократот, политичарот Хајке Бахренс за законската обврска за вакцинирање.

Предлогот, кој беше претставен откако стана јасно дека законот за задолжителна вакцинација за сите полнолетни граѓани нема да има мнозинство во Бундестагот, отвори можност парламентот на почетокот на септември да гласа за задолжителната вакцинација за сите полнолетни граѓани.

Неделава Бундестагот треба да одлучи за обврската за вакцинирање, а предлог-законот со кој ќе се обврзат сите постари од 50 години да се вакцинираат би можел да има поддршка од мнозинството пратеници. Во рамките на коалицијата на социјалдемократско-зелено-либералната влада, претставниците на Либерално-демократската партија се спротивставија на општата обврска.

Новиот закон предвидува и воведување на централен регистар за вакцинирање, што се смета за отстапка за ЦДУ/ЦСУ Христијанско-демократската унија. Во Германија стапката на вакцинација е 76 отсто и е релативно ниска во споредба со другите земји-членки на ЕУ.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот