Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Германија престанува да купува руски јаглен на 1 август, а руска нафта на 31 декември

300x250 opst2

Германија целосно ќе престане да купува руски јаглен на 1 август и руска нафта на 31 декември и ќе доживее голема промена во изворот на снабдување со енергија на земјата, изјави на конференцијата заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес.

dobivaj vesti na viber

Клучен предизвик ќе биде пополнување на огромната празнина што ќе остане кога Европската унија ќе се откаже од 158 милијарди кубни метри гас што годишно ги испорачува Русија, рече Кукиес.

– За неколку недели нема да имаме повеќе руски јаглен – рече тој на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.

Русите претходно испорачувале 40 отсто германски јаглен и 40 отсто нафта, рече тој.

– Секој што ја знае историјата на нафтоводот Дружба, кој веќе беше алатка на советската империја над Источна Европа, знае дека ослободувањето од таа зависност не е безначајна работа, но тоа ќе го постигнеме за неколку месеци – рече Кукиес.

Германскиот страв од прекин на снабдувањето со руски гас расте. Редовниот летен ремонт на гасоводот Северен тек 1 започна на 11 јули. Обично траат 10 дена, пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут