Утрински Весник
Свет

Германија одговори на писмото за поделбата на вакцини против Ковид-19

Германија одговори на писмото за поделбата на вакцини против Ковид-19
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државниот министер за европски прашања во германското Ммнистерство за надворешни работи реагираше на иницијативата на шесте земји на ЕУ поради дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19.

Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Латвија и Словенија изразија загриженост, тврдејќи дека дистрибуцијата на вакцините не се одвива според популацијата на секоја земја-членка на ЕУ, како што беше претходно договорено, но Михаил Рот ги негираше обвинувањата, пренесуваат европските агенции.

„Тоа беше јасна и транспарентна постапка, каде контингентот беше одреден според бројот на жители за разни вакцини одобрени во ЕУ. Австрија и некои други земји не ги користеа во целост своите контингенти, од причини што јас не сакам да ги оценувам. Потоа беше поставено прашањето до другите земји дали сакаат да нарачаат повеќе дози од неискористените контингенти “, изјавил Рот.

Тој рекол дека не гледа причина да ја смени таа постапка и додал дека „станува збор за правична распределба на дозите на вакцини низ цела Европа“.

Тој исто така кажал дека е важно за Германија да ги вакцинира и жителите и соседните земји и дека тоа не е национална стратегија.

„Можно е заеднички да се преживее кризата, а тоа бара солидарност и еднакви можности. Ако 70% од граѓаните на ЕУ се вакцинираат до летото, нема да има смисла некои земји да имаат повеќе вакцини, а други помалку“, додаде Рот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште