Утрински Весник
Македонија

Германија донира опрема за Поликлиниката во Шуто Оризари

Германија донира опрема за Поликлиниката во Шуто Оризари

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово заедно со амбасадорката на Германија, Анке Холштајн присуствуваа на примопредавање на донација од страна на Министерството за надворешни работи на Германија за Поликлиниката во општина Шуто Оризари.

„Ова е една многу значајна донација. За сума од 16 илјади евра се набавува значајна опрема која ќе служи во Поликлиниката во Шуто Оризари и се зголемува пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните, во делот на лична заштитна опрема, кислород, кислородни маски, се тоа што значи брз пристап до еден одреден дел од системот на здравствена заштита. Во оваа поликлиника имаат пристап граѓани од многу ранливи категории“, рече Филипче.

Во Поликлиниката формиран е Центар за брзи тестови за Ковид-19 и во континуитет има дежурна екипа составен од лекар, медицинска сестра и лабораторија којашто на граѓаните од овој регион им е на располагање 24 часа во денот.

„Благодарение на Амбасадата на Кина во изминатиот период работевме и се заврши проектот за целосно реновирање на оваа Поликлиника и тоа ќе започне на почетокот на следната година“, рече Филипче.

Германската амбасадорка Холштајн истакна дека оваа донација е по иницијатива на Сојузната влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од КОВИД-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор