Утрински Весник
Свет

Германија ги предупреди граѓаните да не патуваат во Брисел поради коронавирусот

Германија ги предупреди граѓаните да не патуваат во Брисел поради коронавирусот

Германија го прогласи градот Брисел за ризичен град поради големиот број на заразени од коронавирус.

Министерството за надворешни работи ги предупреди граѓаните да не одат на туристички патувања во Брисел, бидејќи за седум дена бројот на новозаразени со Ковид-19 ја надминал границата од 50 случаи на 100.000 жители.

Пред две недели, Германија ја вклучи белгиската провинција Антверпен на списокот на области со ризик. Повратниците од овие области треба да бидат тестирани при враќањето во земјата и да бидат ставени во карантин, додека ги очекуваат резултатите од тестот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот лидер на Шин Фејн, Гери Адамс, обвинет за нападите на ИРА во 1990-тите во Велика Британија

Халкбанк и американското обвинителство со договор за затворање на долгогодишниот судски спор

СЗО предупредува на влијанието врз здравјето од војната во Иран