Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија на гас во зграда во Русија – спасени се 14 станари, 1 починал, а има и тешко повредени

(Видео) Експлозија на гас во зграда во Русија – спасени се 14 станари, 1 починал, а има и тешко повредени

Едно лице починало, четворица се тешко повредени, а 14 се спасени по експлозијата на гас во станбена зграда во градот Јарослав, североисточно од Москва.

„Од 14-те спасени, петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините“, соопшти регионалната служба за итни случаи, пренесе „ТАСС“.

https://www.youtube.com/watch?v=gnMqW-me8hU

По експлозијата на гас и пожарот, дел од зградата се урнал, а според информациите, жена и дете се останти под урнатините.

Во тек е истрага на несреќата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија