Утрински Весник
Свет

Генералното собрание на ОН усвои резолуција: „Русија веднаш да го врати Крим“

Генералното собрание на ОН усвои резолуција: „Русија веднаш да го врати Крим“

Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се бара Русија да престане со привремената окупација на Крим што е можно поскоро.

Русија го присвои украинскиот полуостров во 2014 година.

Резолуцијата, која се однесува на милитаризацијата на Крим, Севастопол и делови на Црното и Азовското море, беше усвоена синоќа со 63 земји кои гласаа „за“, 17 „против“, додека 62 земји беа воздржани.

Текстот не е обврзувачки, но има политичка тежина. Тој беше предложен од 40 држави, вклучително и европски земји (Велика Британија, Франција, Германија, балтичките земји и други), како и САД, Австралија, Канада и Турција.

Резолуцијата ја повикува Русија како окупаторска сила веднаш, целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од Крим и да ја прекине привремената окупација на украинската територија.

Од Москва се бара веднаш да запре натамошната дестабилизација на Крим со пренесување на развиени системи на оружје, авиони и ракети со нуклеарен капацитет, муниција и воен персонал на територијата на Украина.

Повеќе од 13.000 луѓе загинаа во судирите меѓу проруските борци и украинските трупи од 2014 година, кога Русија го презема Крим, а проруските сили во источна Украина се побунија против Киев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска