Утрински Весник
Свет

Генералниот секретар на СЗО: Многу сум разочаран од одлуката на Врховниот суд на САД за абортусот

Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека е многу разочаран од одлуката на Врховниот суд на САД да ја отповика историската пресуда со која се легализира абортусот во САД.

„ Многу сум разочаран бидејќи правата на жените мора да се заштитат. И очекував дека Америка ќе ги заштити тие права“ – изјави Тедрос за „Ројтерс“ на маргините на самитот на Комонвелтот во Руанда.

Врховниот суд на САД денеска ја укина пресудата стара 50 години со која се легализираше абортусот низ целата земја, поради што милиони жени го изгубија своето законско право на абортус.

Судот ја поништи значајната одлука во случајот Рое против Вејд, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во Америка, јавува Би-Би-Си.

Можете да прочитате

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа