Утрински Весник
Свет

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата
Ss2

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот, смета дека по одлуката на британските власти, доволни количини на вакцина можат да бидат доставени до сите региони во светот.

Сахин во интервју за „Си-ен-ен“ изјави дека се надева дека следната зима ќе биде многу поблиску до оние зими на кои сме навикнати. Тимот „Фајзер – Бајонтек“ се надева дека ќе има нова верзија на вакцината против корона до крајот на следната година.

Ss1

Угур Сахин го оцени британското одобрување за употреба на вакцината на „Фајзер -Бајонтек“ на нивниот пазар како многу важна пресвртница и како почеток на крајот на пандемијата на коронавирус во светот.

„Ова е, се разбира, многу важна пресвртница, така што ова ќе биде прв пат луѓето надвор од клиничките испитувања да добијат пристап до нашата вакцина и веруваме дека тоа е навистина почеток на крајот на пандемијата. Се разбира, тоа е прва држава што овозможи авторизација и, најверојатно, ќе ја следат и други. Да, но тоа е добар почеток “, рече Сахин.

Раната фаза на снабдување со вакцини значи и нови прилагодувања во наредниот период кога станува збор за дистрибуција, производство, но и нова генерација на вакцини.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Портпаролката на Стејт департментот на арапски јазик поднесе оставка заради несогласување со војната во Газа

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек

Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа