Утрински Весник
Македонија

Гевгелија доследно се применуваат мерките против корона вирусот

Гевгелија доследно се применуваат мерките против корона вирусот

Гевгелија, 17 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб формиран во рамки на Локалниот совет за превенција, денеска констатира дека последните владини мерки за превентивна заштита од Ковид-19 целосно и доследно се применуваат на територијата на општина Гевгелија.

На граничниот премин Богородица, патничкиот сообраќај намален, а во земјата се пропуштаат само наши државјани со кои се врши интервју и кои потпишуваат изјави за самоизолација доколку доаѓаат од високо и средно ризични земји. Само товарниот сообраќај се одвива без проблеми со напомена дека грчката полиција известила дека во периодот од 21 часот до 5 часот наутро ќе биде забранет влез на товарни возила во нашата земја.

Центарот за јавно здравје ги дезинфицира сите објекти и кабини на граничниот премин Богородица и во соработка со ЈПКД ,,Комуналец,, ќе организираат заедничка акција за дезинфекција на сообраќајниците во Гевгелија.

Сите мерки, заклучи кризниот штаб, доследно се применуваат и во Општата болница во Гевгелија каде строго се забранети сите посети на пациенти на кои им се одложуваат и закажаните прегледи преку ,,Мој термин“.

Угостителските објекти, спортските обложувалници, игротеките и казината се затворени и редовно се контролираат од страна на државните пазарни инспектори.

Кризниот штаб побара засилена контрола на угостителските објекти во населените места и апелираше на поголема и целосна информираност на граѓаните за мерките за заштита и нивната примена како и да не се верува на шпекулации туку на информациите од надлежните државни органи. им/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски потврди дека утре почнуваат преговорите за формирање влада меѓу ВМРО ДПМНЕ и Вреди

Новата претседателка Сиљановска-Давкова доби официјална честитка од ЕУ 

Сервер: Најдобриот пат што С. Македонија треба да го следи е интеграција во ЕУ