Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук градат своја оаза во Монтесито

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук градат своја оаза во Монтесито
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук ја реновираат својата палата од 14.000 квадратни метри во Монтесито, Калифорнија.

Pet Utrinski

Гвинет и Бред целосно ја преуредуваат масивната вила и екстериерот во омилената населба на славните, каде соседи од А-листата ќе им бидат принцот Хари и Меган Маркл, Опра Винфри и Елен Деџенерис.

Кога ја купија за приближно 5 милиони долари во 2016 година, беше објавено дека претстои обемно реновирање на куќата, која може да се пофали со четири спални соби, четири бањи, голем базен и повеќе од два акри земја.

Се чини дека 48-годишната оскаровка и 50-годишниот телевизиски писател веќе направиле огромен напредок на тој план. Тие, наводно, во петокот биле во посета за да проверат како напредуваат градежните работи.

Парот очигледно е во фаза на градење на своја оаза со големина на олимписки базен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигериски крал  роднина на Меган Маркл

Гејл Дин, медицинско чудо од Сиднеј: Победи пет карциноми, отстранети ѝ се 11 органи

Ѕвездата на „Сексот и градот“: Од почетокот на шоуто нè мразат затоа што ги поместуваме границите