Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Не е ништо готово

Гвардиола пред мечот за титулата: Спиев како бебе

Мадрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола по триумфот (2:1) над Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите истакна дека борбата за пласман во следната фаза сè уште не е завршена.

– Начинот на кој игравме е многу важен. Се обидовме да победиме. И ние се снајдевме на овој стадион и покрај водството на Реал. Но, ова е само првиот дел. Тимот покажа дека е во состојба да се извлече од оваа ситуација благодарение на своето искуство. Се разбира, ова е добар резултат пред реваншот, изјави Гвардиола.

Тој им замери на своите избраници за начинот на кој го примија голот.

– Не смееме да примаме такви голови. Во нападот бевме добри. Создававме шанси во текот на целиот натпревар, но Куртоа бранеше многу добро. Победата на „Сантијаго Бернабеу“ е големо задоволство. Не сме навикнати на вакви резултати, но ова укажува на тоа дека можеме било каде да победиме, нагласи шпанскиот тренер.

Реваншот во Манчестер е закажан за 17 март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос