Утрински Весник
Спорт

Рамос изедначи анти-рекорд по број на црвени картони во ЛШ

Рамос изедначи анти-рекорд по број на црвени картони во ЛШ

Мадрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на синоќешниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити беше исклучен во 86. минута.

За Рамос ова беше четврти црвен картон во елитното натпреварување со што се изедначи со досегашните рекордери Едгар Давис и Златан Ибрахимовиќ.

Воедно Рамос е единствениот фудбалер во Лигата на шампионите со директни три црвени картони.

Реал го загуби мечот со 1:2. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона