Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места остатоци од кашест снег

Сообраќајот по влажни коловози, на повисоките места остатоци од кашест снег

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег, информираат од Автомото сојузот.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на планинските превои Стража и Ѓавато. Во Крушево и на планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, велат од СДСМ

Министерството за енергетика со нов повик за субвенционирање клима уреди