Утрински Весник
Магазин

Гал Гадот сподели фотографија од облеката на жената чудо

Гал Гадот сподели фотографија од облеката на жената чудо

Гал Гадот ја воодушеви публиката во „Жена-чудо 1984“, чија премиера беше на „ХБО макс“ и во киносалите во ист ден изминатиов викенд.

Долгоочекуваното продолжение на суперхеројскиот блокбастер се одвива смело – со негово прикажување на стриминг-платформата „ХБО макс“ и во избрани кина на истиот ден. Ова е првиот филм што ја тестира стратегијата на „Ворнер Брос“ за хибридно објавување филмови.

35-годишната актерка родена во Израел, во неделата на својата инстаграм-страница сподели неколку фотографии во култниот костум.

Објавата доаѓа на денот кога студиото „Ворнер Брос“ соопшти дека е забрзана продукцијата на третото продолжение на серијалот Wonder Woman по големиот успех на второто продолжение.

Во описот на објавата таа напиша дека чувствува носталгија. „Го најдов овој мал потсетник на една од моите први облеки … се чини како да беше пред векови, но и како да беше вчера, го знаете тоа чувство?“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како изборот на храна влијае врз здравјето на цревата?

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста