Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Вучиќ: Добивме официјална агенда за состанокот со Приштина во Вашингтон

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видео-состанокот на тема „Мал Шенген“, чија имплементација ќе започне на 10 ноември. Она што е сигурно е дека оттогаш, граѓаните на трите земји ќе можат да патуваат од една во друга земја без ПЦР-тест.

„Имавме долг состанок со Рама и Заев и мислам дека беше важно да донесеме неколку важни одлуки, кои ќе бидат спроведени најдоцна до 10 ноември. Дотогаш сигурно ќе може да се оди во Албанија и во Северна Македонија, или пак оттаму во Србија без ПРЦ-тест“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека во наредните денови министрите за здравство ќе формулираат договори како да си помагаат едни на други. „Да можеме да примаме пациенти од Скопје и Тирана и тие да можат да примаат наши луѓе кои се на нивна територија и како да ги регулираат трошоците“, вели српскиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Франција испраќа 40 тони хуманитарна помош во Газа

Унгарците лути на ЕУ: Да преговаравме сами, договорот со Трамп ќе беше подобар

Украинските власти контролираат 32 проценти од регионот Донецк