Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ги осуди синоќешните протести организирани пред Националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство.

„Синоќа во Белград бевме сведоци на најбрутално политичко насилство во последните неколку години. Во изминатите осум години, Република Србија целосно ја почитуваше слободата на собирање и демонстрација, како и различно мислење“, рече тој.

Вучиќ додаде дека полицијата реагирала дури кога собраните лица почнале да ја вандализираат зградата на Националното собрание

Тој во обраќањето до јавноста зборуваше и за вклученоста на странски фактори во настаните пред собранието.

„Не се сомневам дека оние кои работеа на ова синоќа имаат за цел да ја ослобат позицијата на Србија. Имаме докази за вклученост на одредени функционери од некои регионални служби, а за се друго можеме да зборуваме подоцна, кога нашите служби ќе ја направат анализата“, посочи тој.

Вучиќ ги повика луѓето да не излегуваат на новиот протест кој е најавен за вечерва, со оглед дека денеска е втор најлош ден во земјата во однос на бројот на новозаразени.

„Ги молам луѓето да не излегуваат за да не се појават понатамошни ужасни инфекции. Денес е нашиот втор најлош ден со 357 заразени од 8.600 тестирани.Единаесет починаа. На респиратори има 118 пациенти“, истакна српскиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Утрински Весник

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион