Утрински Весник
Свет

(Видео) Турција го тестира рускиот С-400 на американски борбени авиони

(Видео) Турција го тестира рускиот С-400 на американски борбени авиони
Ss2

Турската војска почна со ново теренско тестирање на своите системи за воздушна одбрана „С-400“ купени од Русија против американски борбени авиони Ф-16 и Ф-4 во воздухопловната база „Муртед“ во близина на Анкара, објави авијацискиот блог „Fighter Jets World“, повикувајќи се на разузнавачки информации.

Според порталот, тестирањето почнало на 4 јули, а треба да продолжи до 26 ноември. Турција продолжила со тестирањето и покрај предупредувањата од Вашингтон дека активирањето на С-400 може да резултира во нови санкции против Анкара.

300x250 (7)

Турската влада остана без коментари во врска со тестирањето. Од таму соопштиле само дека Ф-16-те и другите авиони на турските воздухопловни сили ќе изведуваат тест-летови на мала и голема надморска височина во близина на Анкара, во рамките на некои проекти спроведени во координација со претседателството на одбранбените индустрии.

Сепак, неавторизирана фотографија покажува  американски авион што лета над „Муртед“ додека компонентите С-400, вклучувајќи ги и радарите 91N6E и 96L6E, работат на земја.

Познато е дека турската војска почна со тестирање на своите С-400 против американските борбени авиони уште во ноември 2019 година, при што TRT World објави снимка од радарите на системот за воздушна одбрана што работат додека авионите прелетуваат.

Обемот на тестирањето не беше веднаш јасен бидејќи Турција планираше да ги стави своите С-400 целосно во функција до април годинава иако беше објавено дека тестирањето се однесува на воспоставување вкрстена компатибилност меѓу платформите за да се избегнат ситуации на пријателски оган.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана