Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Во одбранбената индустрија ќе вложиме најмногу пари досега

Вучиќ: Во одбранбената индустрија ќе вложиме најмногу пари досега

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска го посети 15. тенковски баталјон на Првата бригада на армијата во касарната во Сремска Митровица.

Вучиќ присуствува на демонстрации на способностите на тенковските единици и на ракетните фрлачи од 128 мм, М77 „Огањ“.

Српскиот претседател на настанот изјави дека земјата сака да ја зачува воената неутралност, безбедноста, стабилноста и мирот, но нагласи дека одбрана е важна, доколку затреба, и најави дополнителни, како што рече, досега најголеми финансиски средства за одбранбената индустрија.

„Ние сакаме да ја зачуваме воената неутралност, да бидеме свои на своето и не влегувајќи во ничија трка, секогаш да можеме да гарантираме безбедност, стабилност и мир. Колку сте посилни, имате посилно превентивно дејство врз оној кој смета дека може да постигне некои политички цели преку воена агресија“, рече Вучиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков