Утрински Весник
Свет

Автомобил удри во група луѓе на плоштад во Берлин

Автомобил удри во група луѓе на плоштад во Берлин

Возач на патнички автомобил утрово со своето возило повредил седум лица во Берлин, кога без сопирање удрил во група луѓе на градски плоштад.

Според германските медиуми, возачот на автомобилот покосил група луѓе во „Харденбергплац“.

Едно од лицата било прегазено и се нашло под автомобилот кога тој запрел и морало да се реанимира.

Седумте лица се здобиле со полесни и делумно сериозни повреди.

Возачот на автомобилот е уапсен, а мотивот зад инцидентот засега не е познат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег