Утрински Весник
Спорт

Вудгејт: Фановите сонуваат ако мислат дека ѕвездите ќе дојдат во Њукасл

Вудгејт: Фановите сонуваат ако мислат дека ѕвездите ќе дојдат во Њукасл
300x250 (7)

Клубовите не можат „само“ да го купат својот успех, а навивачите на Њукасл сонуваат ако си мислат дека фудбалските ѕвезди ќе се приклучат на најбогатиот клуб на светот, вели нивниот поранешен фудбалер Џонатан Вудгејт.

Њукасл беа преземени од саудиски инвеститори во договор вреден 305 милиони фунти, по што следуваше воодушевување на нивните навивачи, додека медиумите ги поврзуваа Килијан Мбапе, Хери Кејн и Филипе Кутињо со трансфер на „Сент Џејмс Парк“. Вудгејт, кој во 2004 играше во Њукасл пред да направи трасфер во Реал Мадрид, не верува дека тоа ќе се случи.

300x250 (7)

„Ако погледнете на реалната ситуација, газдите прво треба да изградат инфраструктура на клубот. Ако некој фудбалер сака да постигне нешто оди во Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед. Без да покажам непочитување кон Њукасл, нема да оди така како што тие мислат. Играв за Њукасл, Мидлзборо и Лидс и знам колку е тешко фудбалери да дојдат на северот на Англија. Сите врвни фудбалери имаат пари, сакаат трофеи, сакаат европски финалиња, Светски првенства, а не да дојдат во Њукасл. Алан Ширер беше класа фудбалер, но потпиша за Њукасл само бидејќи е по потекло од Њукасл и сакаше да го оствари својот сон. Ако навивачите на Њукасл мислат дека ќе го добијат Килијан Мбапе и такви играчи, тогаш треба да се разбудат од сонот. Не можеш само да го купиш успехот. Ќе бидат потребни барем 10 до 12 години да се изгради инфраструктура“, вели Вудгејт.

> Вудгејт: Фановите сонуваат ако мислат дека ѕвездите ќе дојдат во Њукасл <

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале