Утрински Весник
Македонија

Втор ден од викенд забраната за движење

Втор ден од викенд забраната за движење

Скопје, 12 април 2020 (МИА) – Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот. Ваквата мерка е воведена во обид да се намали ширењето на коронавирусот, кој до вчера однесе 34 животи и од него заболеа 760 лица.

Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а таа не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи, како и за аптеките кои работат непречено.

Забраната како овој викенд, со која се инвестираме во сопственото, но и во колективното јавно здравје, според најавите, ќе важи и за време на претстојните верски празници.

Дежурни екипи на Државниот пазарен инспекторат вршат проверка на маркети кои работат дали имаат соодветни дозволи од кризните штабово во градовите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности во деновите од викендот, телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога